Крис & Том

Крис и Том е фирма која од 1990 година се занимава со увоз и дистрибуција на авто делови за патнички и моторни возила од повеќе светски брендови.

Долгогодишното искуство резултира со внимателен избор на најреномираните производители на авто делови, кои поради својот врвен квалитет се прво вградени кај најголем број европски возила.

Широкиот асортиман на Крис и Том се состои од околу 20 најпознати европски брендови за авто делови меѓу кои се вбројуваат:  Sachs, Lemförder, Ferodo, Goetze, AE, Glyco, Filtron, ContiTech, Metelli, Hepu, Topran, Valeo, Textar, Mannol, Magneti Marelli…

Следејќи ги потребите на пазарот, Крис и Том постојано настојуваат да го зголемат својот асортиман, притоа не занемарувајќи го квалитетот и обезбедувајќи им на комитентите производи кои се синоним за сигурност и трајност.

Денес, Крис и Том има 14 вработени, кои постојано имаат пристап до најновите технологии и сите технички иновации со цел да обезбедат врвна услуга и да ја оправдаат довербата на нашите партнери низ целата територија на нашата држава.

Новости