Крис и Том EXPO 2018

На 5 Мај 2018 година во рамки на фирмата се одржа вториот саем за автоделови „Крис и Том EXPO 2018“. На саемот беа претставени 10 изложувачи – реномирани производители на автоделови од Европа, најголем дел од Германија.
Крис и Том уште еднаш сака да потенцира дека квалитетните оригинални авто делови обезбедуваат подобри перформанси на моторните возила, но истовремено придонесуваат во сигурноста и безбедноста во собраќајот.
Повеќе од 400 посетители – комитенти имаа можност да добијат информации од прва рака за најновите иновации, идеи и технички решенија во областа на автоделовите.
По завршување на саемскиот дел се одржа и коктел забава со доделување на награди на најуспешните партнери.

Uncategorized0 comments