Се одржа првиот саем за автоделови МКМ

За прв пат во Македонија, на 27 Мај во Хотел Александар Палас се одржa саем за автоделови на кој се претставија 22 изложувачи – реномирани производители и добавувачи на автоделови од Европа, најголем дел од Германијa.

Покрај Крис и Том организатори и носители на настанот беа и другите два члена на GAU International  Мега Ауто Партс и СР Мега Ауто.

Повеќе од 600 посетители-комитенти на организаторите имаа можност да добијат информации од прва рака за најновите иновации, идеи и технички решенија во областа на автоделовите.

По завршувањето на саемскиот дел се одржа коктел забава со доделување на награди на најуспешните партнери во која главен збор имаа Драган Б.Костиќ и Бени Шакири со неговиот бенд!

Uncategorized0 comments